Силен земјотрес со рихтерова магнитуда од 6.2 денеска ја погоди Хрватска. Епицентарот беше кај Петриња, но се почувствува во целата земја.
Според последните информации загинаа седум лица, меѓу кои и 13-годишна девојка.
Земјотресот се случил во моментот кога градоначалникот на Петриња, Даринко Думбовиќ, одржувал прес-конференција за медиумите околу вчерашниот помал потрес.
Сега се појави уште едно видео кое трае повеќе од минута. Прашина во истиот момент го покрива градот и изгледа како да гледате хорор-филм.