fbpx

Ми почина во раце: Трогателна исповед за 13-годишната девојка која загина во Петриња

Според неофицијални информации, најмладата жртва во денешниот силен земјотрес што ја погоди Хрватска е 13-годишна девојка по потекло од Србија, пренесуваат медиумите.

Таа настрадала во Петриња, имала само 13 години, а еден маж очајно се обидувал да ја реанимира цели 40 минути.

– Врз неа падна дел од куќа. Ја познавав и се обидував да ја вратам во живот повеќе од 40 минути. Ми почина на раце – со насолзени очи изјавил мажот кој се обидел да ја спаси.

Градоначалникот на Петриња, Даринко Думбовиќ, потврди дека во земјотресот загинала девојка.

До овој момент, вкупниот број на жртви изнесува седум.

Следни Објави

Како да гледате хорор: Ново видео од Петриња за време на земјотресот

Силен земјотрес со рихтерова магнитуда од 6.2 денеска ја погоди Хрватска. Епицентарот беше кај Петриња, но се почувствува во целата земја. Според последните информации загинаа седум лица, меѓу кои и 13-годишна девојка. Земјотресот се случил во моментот кога градоначалникот на Петриња, Даринко Думбовиќ, одржувал прес-конференција за медиумите околу вчерашниот помал […]