Девојка за која медиумите се’ повеќе пишуваат е 25-годишната Елеонора Миљковиќ.

Таа беше македонска претставничка во популарното регионално реално шоу „задруга“, а на „Инстаграм“ ја следат речиси 80 илјади, бројка која за многу наши пејачки, актерки и водителки се’ уште е само сон.

Миљковиќ е дипломиран правник, а според она што го гледаме на социјалните мрежи, добро заработува и преку продажба на облека.

Не крие дека има направено естетски корекции, а многу од нејзините фанови ја споредуваат со Ким Кардашијан, алудирајќи на нејзините раскошни облини.


