Добро искористете ја наклонетоста на ѕвездите
Прекрасни шанси за напредок ни носи 2021 година. Се отвара можност да го реализираме она кое долго време сме си го посакувале.
2021-ва е година во која владее бројот 5. Број кој означува креативност, мудрост и слобода. Петката ги претставува сите елементи – воздух, вода, оган и земја и ви овозможува да живеете во хармонија со нив. Петката е исто така број на плодноста и на женската сила.
Најмоќни денови во годината:
– Осми август ќе биде исклучително поволен ден за сите хороскопски знаци. Тој ден на небото ќе блесне младата Месечина во Лав кој со себе носи нова можност за напредок на сите полиња.
– Тринаесетти мај Јупитер влегува во Риби и тој датум со себе носи голема среќа и позитивна енергија.
Внимавајте на рероградниот Меркур!
Во текот на 2021 година дури трипати ќе биде активен. Внимавајте да не подвлечете некои непромислени потези на следните датуми:
– Од 30 јаунари до 20 февруари
– Од 29 мај до 22 јуни
– Од 26 сепетември до 18 октомври