fbpx

Почна циклусот силни земјотреси на Балканот: Во Хрватска 14 потреси за 31 час, што го чека регионот?

Сега можеме да очекуваме во наредните 10 до 15 години дека на некој друг простор на Балканот повторно ќе се случи земјотрес со многу високи магнитуди. Тешко е да се каже каде, но постојат делови во Македонија, Бугарија, Романија, па и источна Србија каде со години немало

Хрватска не би требало да очекува посилен земјотрес од овој 6.3 по Рихтер, вели за српски „Телеграф“ сеизмологот Славица Радовановиќ.

Таа дополнува дека тој не се очекува ниту во близина, но и дека овој земјотрес е уште еден доказ дека очигледно почнал циклусот посилни потреси на Балканот. Зошто?

– Затоа што сеизмичката активност на Апенинскиот полуостров имаше неколку силни земјотреси во Италија. Ние сеизмолозите тогаш рековме дека таа сеизмичка активност ќе се прелее на Балканскиот полуостров каде долги години немало посилни земјотреси, а особено во тој приморски дел каде последниот потрес беше 1979 година во Црна Гора. Подоцна се случи Албанија која, исто така, со години немаше посилни потреси, па почна сеизмичка активност кај Загреб за сега да се случи и оваа катастрофа кај Петриња – објаснува Радовановиќ, поранешна директорка на Сеизмолошкиот завод во Србија.

Таа смирува дека жителите на Загреб и на Петриња не треба да стравуваат од нови силни потреси. Вели дека потребно е значајно време за во тој регион да се обнови таков силен земјотрес.

– Никој на тој простор не треба сега да стравува, но постојат други делови на Балканот каде долго немало посилни потреси, а сезимичката активност полека растеше. Кога велам Балкански полуостров мислам се’ до Истанбул. Низ историјата имало случаи кога за неколку години се случиле повеќе силни земјотреси. Сетете се на 1963 година во Скопје, па 1969 година во Бања Лука. Сега можеме да очекуваме во наредните 10 до 15 години дека на некој друг простор на Балканот повторно ќе се случи земјотрес со многу високи магнитуди. Тешко е да се каже каде, но постојат делови во Македонија, Бугарија, Романија, па и источна Србија каде со години немало – објаснува таа.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Нумеролог открива: Овие датуми ќе бидат најважни во 2021 година!

Добро искористете ја наклонетоста на ѕвездите Прекрасни шанси за напредок ни носи 2021 година. Се отвара можност да го реализираме она кое долго време сме си го посакувале. 2021-ва е година во која владее бројот 5. Број кој означува креативност, мудрост и слобода. Петката ги претставува сите елементи – воздух, […]