Познатиот бизнисмен и претседател на Здружението на граѓани „Матица на иселеници“, Иван Џо Петрески, на социјалните мрежи ја сподели информацијата за ненадејната смрт на Ниче Димовски-Македон.
„Жална вест. Денес, 30.12.2020 година, ненадејно трагично го загубивме нашиот другар и соборец Ниче Димовски-Македон, извонредна личност и голем пријател на Матицата на иселениците од Македонија“, напиша Петрески на „Фејсбук“.
Ниче Димовски-Македон беше бизнисмен и автор на историски книги. Како шура на поранешниот скопски градоначалник Коце Трајановски, во медиумите се спомнуваше и како неформален сопственик на една од галиите во Вардар.