fbpx

Беа родени во ист ден: Ова не е прва трагедија во семејството Џорлеви

Софче Џорлева, познатата македонска вокалистка која учествуваше и во регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“, во медиумите неколкупати ја има раскажано големата семејна загуба.

Станува збор за смртта на нејзиниот првороден син Атанас кој почина од леукемија на четири години. „Среќата не грее, но лузната од срцето не се брише“ и „песна, а во душата пекол“ се нејзини зборови.

Во една прилика и нејзиниот славен брат Зоран Џорлев проговори за оваа трагедија.

– Атанас ни беше прво внуче во фамилијата. Беше многу талентирано дете. Како предвреме да порасна. Се сеќавам кога му ја дадов првата виолина што ја донесов од Романија. Бев горд вујко. Особено горд што сме родени на ист ден, десетти јануари. Откако тој почина, моите родендени не се исти. Сестра ми тој ден не доаѓа кај мене. Спомените премногу болат – раскажа Зоран пред неколку години.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Мојот херој, душичке наша: Се огласи синот на Зоран Џорлев

Наско Џорлев, постариот син на нашиот музички виртуоз Зоран Џорлев, се огласи на социјалните мрежи по смртта на татка си кој вчера ја загуби битката со коронавирусот. Неговиот статус ви го пренесуваме во целост. „Вчерашниот ден беше најтажниот ден што се има случено на мене и на моето семејство. На […]