Речиси сите артисти од македонската естрадна сцена на социјалните мрежи се простија од нашиот легендарен виолинист и автор, маестро Зоран Џорлев.
Меѓу нив, скршена од болка е и нашата поп-дива Калиопи која од својот долгогодишен пријател и соработник се прости со емотивна објава.
– Биди ми ангел горе на небото, дојди во моите соништа со твојата виолина и омекни ми го срцето како порано.. Денес го изгубив пријателот од детството, од раната младост, училишните денови исполнети со музика.. Овој први јануари е суров.. Си поигрува со мојата свест и буди неверување.. болка.. како најголем потсетник на изгубеното – напиша таа на социјалните мрежи.