fbpx

Свири им на ангелите: Почина Зоран Џорлев од корона

Легендарниот македонски виолинист и професор Зоран Џорлев почина како последица од Ковид-19, дознава „Мастило“.

Негови блиски роднини, пријатели и соработници веќе се збогуваат со него на социјалните мрежи.

Маестро Џорлев публиката го препознаваше и по серијалот ТВ-емисии посветени на традиционалната македонска песна.

Повеќе од две и пол децении беше во хармоничен брак со Офелија со која има два сина.

Џорлев е роден во Струмица на 10 јануари 1967 година, каде го помина детството. Талентот за музика го наследи од татко му Наско, признат композитор на народна музика и водач на оркестар. Во 1989 дипломира виолина на ФДУ.

Познат е по обработките и изведувањето на македонските народни и забавни композиции, обработки на филмски, џез и етно теми. Работеше како професор по виолина, а беше и директор на ДМБУЦ Илија Николовски Луј. Во јануари 2011 беше назначен за директор на ансамблот за народни игри и песни „Танец“ каде остана до август 2017 година.

Следни Објави

Направи многу за македонската песна, но една желба му остана неисполнета!

Докажаниот музичар, автор и водител Зоран Џорлев кој почина од корона направи многу за македонската песна. Преку серијалот ТВ-емисии „Зајди, зајди“, „Зори зора“ и „По патот на песната“ ја негуваше нашата традиционална музика. Кога славеше 40 години кариера издаде цеде со обработка на македонски забавни евергрини. Се’ уште се слушаат […]