fbpx

Не замина во Канада поради ова: Семејната тајна на Зоран Џорлев

Животните предизвици во минатото на македонскиот маестро

Кога на Зоран Џорлев пред десетина години му се оствари животниот сон да има своја куќа, тогаш ја решил и дилемата дали да остане со семејството во родната земја.

Аманетот на татка си го предомислил да не замине во Канада.

– Стариот, целиот живот го посвети на зачувување на идентитетот на македонската песна. Ми велеше: „Синко, може да ги запалат сите библиотеки, може да се искриви историјата, но музиката е таа што опстојува од колено на колено“. Во 1998 година сакав да заминам за Торонто. Многу се разочарав. Колку си поуспешен, толку повеќе сакаат да те срушат. Сепак, одлучив да останам дома. Си ја сакам земјата, тоа го чувствувам одвнатре, воспитуван сум во тој дух и кодот го носам во себе. Потеклото ми е од Кукуш и од двете фамилии – се присети Џорлев во едно интервју.

Татко му Наско е еден од доајените на македонската изворна песна. Неговото творештво е препознатливо по незаборавните народни теми, меѓу кои антологиските „Не кажувај либе“ и „Во Струмица на улица“. Желбата на татко му била да свири на хармоника.

– Ми даде голема задача. Тоа сигурно влијаело на мојата одлука да не ја напуштам Македонија, туку да останам овде како некаков мисионер – појасни Џорлев.

НА ИСТАТА ТЕМА:

Беа родени во ист ден: Ова не е прва трагедија во семејството Џорлеви

Патиштата господови се чудни: Љубовната приказна на Зоран Џорлев

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Му свиреше на свадба, ја подучуваше ќерка му: Никола Груевски проговори за Џорлев

Пандемијата неповратно однесе уште еден мој голем пријател и драга личност но и човек кој беше во срцата на многу луѓе во Македонија и дијаспората. Зоран Џорлев беше една ретко толку многу позитивна личност, добар човек, многу чесен, хуман, успешен и супериорно талентиран во својата професија, кој талент го беше […]