fbpx

Беше постар 36 години, нивниот брак предизвика скандал: Фаталната љубов на Чарли Чаплин!

Неговата љубов со Уна не познавала граници. Кога се запознале таа имала едвај 18, а тој 53 години

Уна О’ Нил требала да постигне многу во животот. Била убава, образована и девојка од угледна фамилија. Сите очекувале дека ќерката на литературниот нобеловец Јуџин О’Нил и писателката Агнес Болтон ќе стане и самата успешна како родителите. Одела во најдобрите училишта, се дружела со тогашната њујоршка елита. Како тинејџерка и припадничка на отменото друштво, елитниот Сторк Клуб ја прогласил за „дебитантка бр. 1“.

Била згодна, шармантна, привлечна и посакувана. Излегувала со Орсон Велс и беше во врска со шест години постариот Џ. Д. Селинџер, писателот на „Ловец во житото“.

„Беше тивка и прекрасна, човек да не може да го тргне погледот од неа“, така ја опишуваа нејзините пријатели во која страсно се заљубил Селинџер.

Но, Уна решила да замине во Холивуд и да стане актерка. А, таму го запознала 53-годишниот Чарли Чаплин, познат љубител на млади девојки, кој пак ја ангажирал во својот нов филм. Чаплин напишал дека веднаш штом ја запознал бил покосен од нејзината убавина и шарм. Средбата со неа ја опишал како „најсреќната случка во животот“.

Наскоро младата убавица и Чаплин ја започнале својата врска со која ја згрозиле целата холивудска и американска јавност. Штом Уна наполнила 18 години тие се венчале. На Чаплин ова му беше четвртти брак. Првите три му траеле само по неколку години, со две од жените стапил во брак кога тие имале 16 години, а со третата кога имала 19.

Неколку месеци пред нивната средба, Чаплин поминувал низ мачен судски спор со старлетата Џоан Бери која наводно патела од сериозна ментална болест која го тужела дека е татко на нејзиното дете. Иако бил ослободен од тужбата, бракот на Уна и Чаплин го разлутил таткото на Уна, инаку негов врсник.

Бракот не им го одобрил, прекинал секаква врска со Уна и се откажал од неа. Иако преубавата црнокоса девојка била негова најсакана ќерка и таа мислела дека татко ѝ ќе се предомисли, сепак тој никогаш не го прифатил нејзиниот брак со Чаплин. Никогаш повеќе не прозборел со неа. Уна му пишувала по едно писмо неделно не знаејќи дека не отворил ниту едно од нив. Уредно ги чувал во ноќното ормарче до креветот во кој и починал, чувајќи ги писмата покрај себе.

Но, времето покажало дека Уна не погрешила. Не постигнала големи работи како родителите, но со сопругот имала убав и мирен брак кој траел 34 години и во кој добиле осум деца, пет ќерки и три сина. Поголемиот дел од животот го поминале во Швајцарија кадешто и ги израснале децата.

„Тој од мене направи зрела жена, а јас го одржував да биде млад“, зборуваше Уна за својот сопруг.

Нивниот син Јуџин во една прилика кажа дека неговите родители се страшно приврзани еден за друг и дека кога и да биле заедно секогаш се држеле за раце.

Уна го надживеала Чаплин за речиси една и пол деценија, но последните години од животот ѝ биле несреќни. Тагата по него ја направила алкохоличарка. Починала од рак на панкреас во 1991 година.

Фото: Профимедија

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

(ФОТО) Се сеќавате на Азис? Скандалозниот бугарски пејач сега е вистински маж!

Се сеќавате ли на бугарскиот пејач Азис кој во 90-те години на минатиот век, но и подоцна беше вистински хит во регионот? Доаѓаше и кај нас, а неговите песни често се пееја во македонските кафеани. Поради карактеристичниот изглед, но и поради поигрувањето со сексуалноста секогаш беше топ-тема во медиумите. Контроверзен […]