Зорана Бешлиќ, класната раководителка на пет од осумте тинејџери кои трагично го загубија животот за новогодишната ноќ во Посушје, со трогателен статус на „Фејсбук“ се прости од своите ученици.
Бешлиќ им беше класна на Мирела Розо, Жана Павковиќ, Марија Павковиќ, Мија Солдо и на Стипе Ромиќ.
Нејзиниот пост го објавуваме во целост, без превод, за поавтентично пренесување на емоциите. Бешлиќ за хрватските медиуми изјави дека се работи за деца за кои има само пофални зборови.