Иван Миличевиќ, Стипе Ромиќ, Жана Павковиќ, Мијо Солдо, Стипе Павковиќ и Марија Павковиќ се шестте тинејџери кои денеска ќе бидат погребани пред црквата Свети Иван Крстител во Ракита.
Вчера беше последното испраќање на Мирела Резо и Стјепан Јукиќ.
Босна и Херцеговина прогласи тридневна жалост по големата трагедија за новогодишната ноќ кога во една викендица кај Посушје беа пронајдени осум мртви тинејџери угушени со плин.
Зорана Бешлиќ, класната раководителка на пет од осумте деца, со трогателен статус на „Фејсбук“ се прости од своите ученици.