Рада Манојловиќ пред речиси 20 години се соочила со голема семејна трагедија. Популарната српска пејачка била многу млада кога мајка ѝ починала од рак.
Неодамна, таа конечно собра храброст да проговори за најтешкиот момент во нејзиниот живот порачувајќи дека е среќна што ѝ ја исполнила најголемата желба на мајка си, а тоа е да стане пејачка.
– Се сеќавам колку многу сакаше да успеам со пеењето. Една година пред нејзината смрт се пријавив да се натпреварувам во „Ѕвездите на Гранд“ и не поминав добро. Во тие мигови ми се сруши сѐ, а таа и покрај тоа што беше кревка со здравјето, наоѓаше сила да ме утеши. Ги паметам нејзините зборови: Драга, ова не е крај! Еден ден сигурно ќе бидеш ѕвезда! Голема ѕвезда како Драгана Мирковиќ. Имаше визија и секогаш веруваше во мене. Таа е мојата убавица, мојот херој и ангел – раскажа Рада за мајка ѝ Мирјана.