По 16 години тешка битка со тумор на мозокот, во првиот ден од новата година почина 19-годишната Андријана Петровиќ од Велика Плана.
Храброто срце престана да ѝ чука на ковид-одделението во Општата болница во Параќин. Иако е таа уште една жртва на коронавирусот, нејзината мајка Ивана вели дека нејзината основна болест претходните дваесетина дена толку се влошила што лекарите во Ќуприја ѝ рекле дека ѝ преостанува уште околу еден месец живот.
За судбината на оваа тинејџерка во повеќе наврати пишуваа регионалните медиуми. Ја нарекуваа и „медицински феномен“ со оглед на периодот колку што траеше нејзиното лекување.
– Не успеа да се спаси. Ми почина на раце. Отиде кај ангелите, сега барем ништо не ја боли – вели нејзината мајка скршена од болка.