fbpx

Ова страдање е преголемо: Зборовите на бискупот за шестте тинејџери го кршат срцето

Шест од осумте тинејџери кои трагично го загубија животот во новогодишната ноќ во Посушје денеска беа погребани. Неколку илјади луѓе дојдоа на последното испраќање на Иван Миличевиќ, Стипе Ромиќ, Жана Павковиќ, Мијо Солдо, Стипе Павковиќ и Марија Павковиќ.

Босанските медиуми ги пренесуваат зборовите на бискупот Маринко Леко кои навистина го кршат срцето.

– Се обидуваме да пронајдеме зборови кои се соодветни да ја изразат болката, но остануваме неми. Се обидуваме да им понудиме утеха на родителите на овие млади луѓе и ништо не ни излегува од устите. Гестот на сочуство делува празно. Ова страдање е едноставно преголемо, претешко за семејствата и премногу за родителите. Знаеме често да кажеме дека Бог не дава поголем крст од оној што можеме да го носиме. Тој тоа и го направи. И како да не знаеме како понатаму, како да немаме повеќе храброст за живот, како да нема смисол ниту пак искрена надеж – порача тој.

Вчера беа погребани и Мирела Резо и Стјепан Јукиќ.

Зорана Бешлиќ, класната раководителка на пет од осумте деца, со трогателен статус на „Фејсбук“ се прости од своите ученици.

Следни Објави

Со страв спиев под маса: Јелена Јованова искрено по катастрофалниот земјотрес

Сокриени под истата маса со моето бебе Јаков, кој плачеше бидејќи го чувствуваше нашиот страв, се тресевме како никогаш да нема да престане и како да ќе нема утре. Нервите ми рекоа збогум. Се тресев со денови и сè уште мислам дека тлото под нозето ми се изместува, вели Јелена […]