fbpx

Се надеваме дека Бог ќе нè благослови: Се верија Дунавка Трифуновска и Ване Цветанов

Поранешниот директор на Агенцијата за спречување перење пари и финансирање тероризам, Ване Цветанов, им се пофали на пријателите на „Фејсбук“ дека се верил со познатата манекенка и модел Дунавка Трифуновска.

Во неговата новогодишна честитка напиша дека 2020-та година е една од најзначајните за нив.

– Благодарение на Бога, токму тоа лето Господово го отворивме најубавото љубовно-животно поглавје. Се надеваме дека Бог ќе нè благослови со сето она што е потребно за да напишеме убави страници и во новата 2021-ва година. На сите добри луѓе им посакуваме многу среќа, љубов, здравје, бериќет, успеси, радосни и многу позитивни моменти во новата 2021-ва година – напиша тој.

На изненадување на многумина, Дунавка која е позната по директните изјави без влакна на јазик, овојпат многу претпазливо зборува за приватниот живот. Пред пет месеци нивната врска ја обелодени токму Цветанов.

– Во принцип ретко објавувам приватни фотографии, но кога започнувам љубовна врска со жена во вистинска смисла на зборот, мојата врска ја објавувам јавно – напиша тогаш тој на социјалните мрежи.

Цветанов беше обвинет за злосторничко здружување и издавање службена, државна или воена тајна во случајот „Шпион“. Во октомври 2014 е осуден на три години затвор, а Апелациониот суд во октомври 2016 ја намали на условна казна затвор од две години, која нема да се изврши ако во рок од пет години не стори ново кривично дело. Сега е претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизија, но и претседател на граѓанското здружение Зелена лупа.

Следни Објави

Бели ковчези и болка до небо: Последно испраќање на трагично загинатите тинејџери

Иван Миличевиќ, Стипе Ромиќ, Жана Павковиќ, Мијо Солдо, Стипе Павковиќ и Марија Павковиќ се шестте тинејџери кои денеска ќе бидат погребани пред црквата Свети Иван Крстител во Ракита. Вчера беше последното испраќање на Мирела Резо и Стјепан Јукиќ. Босна и Херцеговина прогласи тридневна жалост по големата трагедија за новогодишната ноќ […]