fbpx

Со страв спиев под маса: Јелена Јованова искрено по катастрофалниот земјотрес

Сокриени под истата маса со моето бебе Јаков, кој плачеше бидејќи го чувствуваше нашиот страв, се тресевме како никогаш да нема да престане и како да ќе нема утре. Нервите ми рекоа збогум. Се тресев со денови и сè уште мислам дека тлото под нозето ми се изместува, вели Јелена Јованова Периќ во интервју за порталот „Hybrid.mk“.

По катастрофалниот земјотрес во Хрватска, на познатата македонска актерка ѝ било премногу стресно да остане во Загреб, па со сопругот и нивното седуммесечно бебе тргнале за Сплит.

Јованова која во моментов ја гледаме секој работен ден на МТВ1 во хит-серијата „Преспав“, накратко се присети и на првиот силен потрес во Загреб на 22 март минатата година. Тогаш била во седмиот месец на бременоста.

– Нè разбуди тресење и татнеж. Сум го гушнала стомакот небаре ќе го спасам ако сѐ се сруши. Кровот ни одлета над глава. Дури се одронуваа ќерамиди трчавме надвор. Не дочека вториот удар. Пред нас се сруши фасада што ни ја уништи колата. А, надвор Корона!!! Како да не беше тоа малку, па почна да паѓа снег. Апокалипса, си реков. Да беше холивудски филм ќе си кажев: Еј, ја претеравте! Сѐ одеднаш ова не би можело да се случи во реалноста. Ќе згрешев. Тешко дека ќе заборавам на жените кои се породуваа во кола. На инкубаторите полни со најранливите бебиња кога надвор ги дочекуваа непознати лица бидејќи мајките поради корона-протоколот ни не можеа да бидат во родилиштето со нив.. Деновите потоа, додека со страв спиев под маса, по стотти пат во главата ми дојде – Живот овде и сега! Соживот со луѓето, оти створени сме да си се имаме едни со други! Но, таа лекција брзо ја забораваме, за жал – раскажува таа.

Целото интервју можете да го прочитате ТУКА!

Следни Објави

Имаше рак, почина од корона: Андријана (19) ја загуби битката

По 16 години тешка битка со тумор на мозокот, во првиот ден од новата година почина 19-годишната Андријана Петровиќ од Велика Плана. Храброто срце престана да ѝ чука на ковид-одделението во Општата болница во Параќин. Иако е таа уште една жртва на коронавирусот, нејзината мајка Ивана вели дека нејзината основна […]