Поп-ѕвездата Елена Ристеска (34) неодамна одлучи да се проба и во претприемништвото со сопствена козметичка линија.
Познатата пејачка и авторка кон крајот на минатата година прослави полнолетство кога е кариерата во прашање. Од појавувањето првпат на подиумот во музичко шоу до сега ѝ се случија многу убави работи на професионален план, но и многу лични порази. Ѝ залепија неколку афери, почина нејзиниот татко, се разведе.. Едноставно, растеше и созреваше пред камерите.
Низ годините често експериментираше со музиката, но и со имиџот, а ние одлучивме да ја вратиме во времето низ 5 фотографии од различни фази од нејзината кариера.