Во само два дена дури двајца млади и врвни здравствени работници починаа од коронавирус, пренесуваат српските медиуми.
Анестезиологот Ненад Максимовиќ (37) бил приклучен на респиратор пред да ја загуби најважната животна битка.
Марко Бјелица (41), пак, бил медицински техничар кој имал директна комуникација со позитивните на Ковид-19. Бил еден од хероите во болницата во белградската населба Бежанијска коса, познат по пожртвуваноста на работното место.
– Беше работник, но и човек за пример. Вложи огромен напор во лекувањето на заболените. Им помагаше безрезервно на своите колеги. По заразувањето се лекуваше долго на Интензивна, но за жал не издржа – им изјави на медиумите негов близок колега.