fbpx

Од тефтерот на баба ми: Бадникова посна погача по старински рецепт!

Состојки:

– 30 грама квасец

– 500 мл вода

– 1 лажица шеќер

– 1 лажица сол

– 700 + 100 грама брашно

– масло (зависи дали е постот на вода или не – 50 мл)

– сусам

Подготовка:

Во врела вода иситнете го квасецот, па додадете го шеќерот и промешајте. Додадете половина мерка од брашното и сол, па повторно промешајте. Додатете го останатото брашно од 700 грама и промешајте со лажица. Ако не постите само на вода, тогаш додадете две третини од 50 мл масло, па измешајте. Оставете го тестото да одмори половина час.

Кога ќе нарасне, посипете го тестото со 100 грама брашно и измесете го уште еднаш. Сега тестото не треба да се лепи, туку треба да биде меко и мазно.

Поделете го тестото на половина, па секоја половина уште на половина, се додека не добиете дваесет еднакви делови. Потоа, од секое делче од тестото направете топче.

Ако постите со масло, премачкајте ја тавата за печење со масло, па ставете едно топче на средината, па шест топчиња околу него и останатите 13 околу нив. Немојте премногу да ги притискате едно до друго, зашто ќе нараснат.

Ако постите со вода, ставете хартија за печење пред да ги редите топчињата. На крајот наросете од сусамот.

Повторно оставете го да отстои тестото уште половина час. Дури потоа печете го во претходно загреана рерна, на 200 степени околу 25 минути. Готовата погача премачкајте ја со масло или само со вода.

Честит Бадник, нека е за многу години!

Следни Објави

(ФОТО) Петте фази на Елена Ристеска: Погледнете како се менуваше!

Поп-ѕвездата Елена Ристеска (34) неодамна одлучи да се проба и во претприемништвото со сопствена козметичка линија. Познатата пејачка и авторка кон крајот на минатата година прослави полнолетство кога е кариерата во прашање. Од појавувањето првпат на подиумот во музичко шоу до сега ѝ се случија многу убави работи на професионален […]