fbpx

Даде многу за Македонија: Кој е камионџијата што почина во Холандија?

Неговата прерана смрт е голема загуба за одбојката во Крушево и воопшто во Македонија, пишуваат на социјалните мрежи за 54-годишниот Тодор Ѓоргиески, камионџијата кој ненадејно почина на работна должност во Холандија.

Ѓоргиески е долгогодишен одбојкар, тренер и спортски работник. Почна да игра одбојка со голема страст во 1980 во подмладокот на ОК Нико Доага од Крушево, а во олимписката 1984 стана дел од првиот тим, информира порталот „Спорт медиа“.

По паузата поради отслужување на воениот рок, во натпреварувачката 1986/87-ма го облече дресот на Работнички, по што реши да се врати во матичниот клуб Нико Доага со којшто обезбеди пласман во исклучително квалитетната Прва сојузна лига (Бе) на поранешна Југославија. Оттогаш не замина од клубот се до неговото згаснување во 2000-та, а шест години потоа означи почеток на тренерската кариера како стратег на новоформираниот женски одбојкарски клуб Крушево 2006-Голдтекст, којшто се натпреваруваше во насилната македонска конкуренција.

Ѓоргиески се наоѓаше на кормилото на екипата до 2012, по што во 2013 стана член на ОК Синалко во којшто работеше и со машката и со женската екипа.

По веста за неговата смрт, на социјалните мрежи се појави апел граѓаните да помогнат со донации за транспорт на телото. За среќа, парите беа собрани во најкраток можен рок, потврди синот на Ѓоргиески.

Следни Објави

Се огласи легендарниот Доктор Дре: Дали навистина се бори за живот?

Легендарниот американски рапер и продуцент Доктор Дре се огласи на својот профил на „Инстаграм“ откако сe прошири информацијата дека се бори за живот. „Им благодарам на сите, на моето семејство, на пријателите и фановите за убавите желби. Добро се опоравувам, мојот тим на лекари е фантастичен. Наскоро ќе излезам од […]