fbpx

Нека ве грее огнот на среќата: Петте најубави божиќни пораки!

Ако сакате да ги одбегнете оние клише пораки за христовото раѓање, а немате идеја како поинаку да им го честитате Божиќ на вашите најдраги личности, во продолжение ви предлагаме пет пораки кои дефинитивно ќе им го стоплат срцето на оние за коишто се наменети.

1. Божиќ доаѓа, ни се приближува Бог. Нека ве грее огнот на среќата, постојано во куќата да ви цвета радост, нека светиот крст во животот ве води, Христос се роди!

2. Денес простете им на оние кои ви згрешиле, подарете им љубов на најблиските, помогнете им на тажните, а на полноќ погледнете во небото.. Ќе видите ѕвезда што оди и тивко изговорете Христос се роди!

3. Дозволете Бог да се всели во вашето срце, љубовта во вас да се раѓа секој ден, затоа што Божиќ станува видлив во секоја љубов помеѓу луѓето. Христос се роди!

4. Срцето на човекот го смислува неговиот пат, а Бог управува со неговите чекори! Сѐ што правите, каде и да одите, нека биде благословен вашиот пат. Среќен Божиќ!

5. Нека тишината на овој свет ден ви донесе мир во надежта, радост во животот и љубов за оние со кои живеете! Од срце ви посакувам мирни денови. Христос се роди!

Следни Објави

Замина на овој голем христијански ден: Од корона почина д-р Ненад Панов

Почина д-р Ненад Панов за кој претходните денови се собираа донации. – На овој голем христијански ден, кога го славиме раѓањето на Исус, со неизмерна тага и болка ја имам непријатната должност да ви соопштам дека нашиот доктор, нашиот Нено, ја загуби битката со болеста. И покрај сите напори на […]