Легендарниот американски рапер и продуцент Доктор Дре се огласи на својот профил на „Инстаграм“ откако сe прошири информацијата дека се бори за живот.
„Им благодарам на сите, на моето семејство, на пријателите и фановите за убавите желби. Добро се опоравувам, мојот тим на лекари е фантастичен. Наскоро ќе излезам од болница“, напиша славниот Др. Дре објавувајќи и фотографија.
Тој не прецизираше зошто е во болница. Сепак, американските медиуми пишуваат дека имал исклучително тешка операција поради аневризма на мозок.