fbpx

(ФОТО) Шокантно: Канје Вест ја изневерил Ким Кардашијан – и тоа не со жена!

Само еден ден откако американските медиуми објавија дека раперот и ѕвездата од реалните шоуа се разведуваат по шест години брак, се појави шокантна приказна која молскавично се рашири на интернет.

Иако нема конкретни докази, за поголемиот дел корисници на „Твитер“ и на „Тик Ток“ нема дилема дека Канје Вест ја изневерил Ким Кардашијан со мејкап-артистот и бизнисмен Џефри Стар.

Се’ започна по тврдењето на една корисничка на социјалната мрежа „Тик Ток“. Во снименото видео извесна Луиз го држи весникот со статијата за разводот на славната двојка и вели дека тоа воопшто не е изненадување. Таа тврди дека подолго време е јавна тајна како Канје е во врска со познат гуру за убавина и нагласува дека станува збор за маж. Бидејќи Џефри Стар е еден од најпопуларните кои одговараат на овој опис, а и веќе со години на интернет се шират необични шпекулации за него, кај твитер-заедницата експресно стана главниот „осомничен“.

Во прилог на ова озборување е и нивното повремено меѓусебно допишување на социјалните мрежи, особено во 2011 година кога Џефри му напишал на Канје на „Твитер“ дека „минатата ноќ одлично си поминал“.

За шпекулациите да бидат уште погласни говори и фактот што и двајцата во моментов се лоцирани на исто место – американската сојузна држава Вајоминг.

Следни Објави

Огњен Амиџиќ итно примен во болница

Популарниот српски водител и музичар Огњен Амиџиќ е примен во болница со двострано воспаление на белите дробови, пишуваат српските медиуми. Направен му е тест за коронавирус кој е негативен, а креаторот на „Ами Џи шоу“ се чувствува добро. „Станува збор за поблаго воспаление на белите дробови“, предмалку соопшти неговиот портпарол.