fbpx

(ФОТО) Беше 14 години постар, имаат и дете: Кој е поранешниот сопруг на Неда Украден?

Славната пејачка Неда Украден е со децении присутна на јавната сцена, но за нејзиниот приватен живот многу малку се знае.

Неда има една ќерка, Јелена, која ја доби во бракот со реномираниот режисер Милан Билбија. Се запознале кога таа била едвај полнолетна. Нивната врска траеше десет години, но во брак издржаа едвај три.

Билбија почина пред шест години, а пејачката неодамна во едно новогодишно ТВ-шоу откри дали повторно би застанала пред олтар.

„Да го немам овој памет, можеби да. Ама пробав, видов, не ми одеше, сфатив дека на тој терен нема што да барам, дека ќе бидам несреќна. На почеток сите се полни со разбирање, сите се вљубуваат во онаа интригантност која ја пласираме на малите екрани, убави сме, згодни сме, атрактивни и полни со еротика. И потоа следува реалноста, вистинскиот живот и почнува драмата. Најчесто завршува со докажување и суета, па затоа и не функционира – го раскажа Неда сопственото искуство со мажите.

Следни Објави

Огњен Амиџиќ итно примен во болница

Популарниот српски водител и музичар Огњен Амиџиќ е примен во болница со двострано воспаление на белите дробови, пишуваат српските медиуми. Направен му е тест за коронавирус кој е негативен, а креаторот на „Ами Џи шоу“ се чувствува добро. „Станува збор за поблаго воспаление на белите дробови“, предмалку соопшти неговиот портпарол.