fbpx

5 причини зошто треба да пиете ЕСПРЕСО!

Последните истражувања покажаа дека најздравото кафе е токму еспресото. Кога се пие во умерени количини и тоа како може да му помогне на нашето тело да функционира на нормален начин, а единственото нешто на кое треба да внимавате е да го пиете со што помалку шеќер. За да си го направите животот поздрав, консумирајте барем по една шолја еспресо секој ден, а причините за тоа се дури пет!

1. Ја зголемува концентрацијата. Ви помага побрзо и поефективно да ги завршите работите.

2. Го подобрува помнењето. Ви дава шанса да ги запомнете дури и најтешките работи и тоа на подолг временски период. Токму поради тоа, ова кафе е одлично за оние кои учат и кои подготвуваат обемни испити.

3. Го намалува ризикот од мозочен удар. Кафето е антиоксидант, па ви го чисти организмот од токсини. Едно истражување покажаа дека оние кои пијат барем едно еспресо на ден имаат неверојатни 40 отсто помалку шанси да доживеат мозочен удар.

4.  Го намалува ризикот од дијабетес. Ако го пиете без шеќер во умерени количини, може да ви помогне да го избегнете ризикот од  дијабет тип 2.

5. Го потикнува слабеењето. Влијае на вашиот апетит бидејќи создава чувство на ситост.

Следни Објави

Првата ја изневери, со трета има вонбрачно дете: Жените на Хари Мата Хари

Хари Варешановиќ има бурно минато кога е во прашање неговиот приватен живот. Популарниот Хари Мата Хари позади себе има два брака и три деца. Синовите му се програмери, а ќерката докторка. Првата голема љубов му се случила кога имал само 19 години. Со Аида се оженил во 1983-та, без голема […]