Турската актерка со германско потекло, Мерјем Узерли, која се прослави по улогата Хурем Султан во хит-серијата „Величенствениот“, по вторпат стана мајка.
Радосната вест таа самата ја сподели со нејзините следбеници на „Инстаграм“ каде објави и фотографија која ги разнежни сите.
Мерјем (37) роди ќерка, а го откри и името кое ѝ го дала.
– Моја драга Лили Кои. Лара, тато и јас сме среќни што те дочекавме во нашето семејство. Благословени сме што ни се придружи – напиша таа.