fbpx

Ја видов мајка ми како проси на автобуска: Маја се срами од себеси

Необична исповед на 47-годишната Маја, жена од Русија, која ви ја пренесуваме во целост

Мајка ми има 72 години, живееме одвоено, но во ист град. Како и на секоја постара личност, потребна ѝ е помош, но не можам да ја донесам да живее со мене бидејќи таа е голем љубител на животни. Во станот чува неколку мачки и кучиња кои имаат поголеми права од неа. Буквално двои од своја уста за да ги нахрани.

Сите пари кои ѝ ги давам за храна и за лекови, таа ги троши на животните. Затоа, пензијата не ѝ доволна ниту за основните потреби.

Неодамна со сопругот со градски превоз се враќавме од гости. Не може да претпоставите колку ми се пресекоа нозете кога ја видов мојата мајка како проси на една од автобуските станици.

Му се молев на Бога да пропаднам во црната земја, ете до толку се срамев од себеси. Маж ми беше шокиран, бидејќи знае секој месец колку одвојувам од семејниот буџет за мајка ми. Во главата веројатно му се свртеа мал милион прашања каде одат тие пари.

Се покажа дека мајка ми од случајните минувачи бара пари за своите кучиња и мачки кои треба да ги храни, лекува и да ги стерилизира. Тоа е можеби благородно, но што ќе речат луѓето што ја познаваат кога ќе ја видат како проси? Веројатно ќе помислат дека комплетно сум кренала раце од неа.

Сепак, не планирам да ги хранам и да им плаќам лекување на бездомните животни. Не сум до толку богата.

Кога сега одам по улиците на нашиот град, постојано сум на штрек да не ја здогледам од некаде мајка ми како проси. Сигурна сум дека таа не престанала да моли за милост, само што сега подобро се крие од мене.

Насловна фотографија: Профимедија

* Слободен превод. Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Сака црно вино, вози БМВ: Кој е Караџовски приватно?

Д-р Жарко Караџовски изминатиов период често го имаше во медиумите. Освен за состојбата со Ковид-19, неретко беше расположен да зборува и за приватниот живот, па тоа го стори и во ТВ-шоуто „Еден на еден“. Меѓу другото откри дека десет години живеел во Србија каде работел на Воено медицинска академија во […]