Познатиот басист Ненад Стефановиќ Јапанац почина на 62 години. Со години соработуваше со бројни големи имиња на југословенската сцена – „Бајага и Инструктори“, „Бијело дугме“, Оливер Мандиќ, „Пилоти“..
Неговите пријатели со емотивни пораки се простуваат на социјалните мрежи, а меѓу нив и Момчило Бајагиќ.
„Драги пријатели, минатата година ја испративме тажни со заминувањето на Миша Алексиќ. За жал, лошо почна и оваа година со заминувањето на Јапанац, нашиот пријател и колега, еден од најдобрите басисти не само на овие простори. Нешо свиреше на нашите албуми „Са друге стране јастука“, „Продавница тајни“, „Музика на струју“ и на многу други песни. Почивај во Мир. Овој музички свет повеќе нема да биде ист без тебе. Те сакаме“, напиша легендарниот Бајага на „Твитер“ и на „Фејсбук“.