fbpx

Сака црно вино, вози БМВ: Кој е Караџовски приватно?

Д-р Жарко Караџовски изминатиов период често го имаше во медиумите. Освен за состојбата со Ковид-19, неретко беше расположен да зборува и за приватниот живот, па тоа го стори и во ТВ-шоуто „Еден на еден“.

Меѓу другото откри дека десет години живеел во Србија каде работел на Воено медицинска академија во Белград.

Откри и дека кога пие, тоа секогаш мора да биде една чаша Кратошија, а со задоволство се наврати и на своето детство и раскажа повеќе интерсни случи од тоа време.

Секако, најинтересен беше делот кога зборуваше за неговиот 18 години стар автомобил – БМВ серија 3 (Е46).

„Јас сум втор газда. Го купив од мој комшија што живее до полициската станица во Карпош 1. Нагалено си го викам бенџо“, откри д-р Караџовски.

* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Џорлев денеска ќе наполнеше 54: Неговиот син со трогателна посвета

Македонскиот виртуоз на виолина, маестро Зоран Џорлев, денеска требаше да го прослави 54-от роденден. На социјалните мрежи се огласи неговиот постар син Наско. – Татко, денес ќе ти го славевме 54-тиот роденден. Душава ме боли од замислата дека нема да ја видиме пак твојата искрена насмевка. Те сакаме најмногу татко, […]