Македонскиот виртуоз на виолина, маестро Зоран Џорлев, денеска требаше да го прослави 54-от роденден.
На социјалните мрежи се огласи неговиот постар син Наско.
– Татко, денес ќе ти го славевме 54-тиот роденден. Душава ме боли од замислата дека нема да ја видиме пак твојата искрена насмевка. Те сакаме најмногу татко, не знаеш колку фалиш! Среќен роденден – напиша тој на „Фејсбук“.
Нашиот легендарен музичар и професор почина пред само една недела како последица од Ковид-19.