fbpx

(ФОТО) Пораснаа Ана и Јана: Кузмановски искрено за ќерките

Познатиот македонски пејач има со што да се гордее

Ана и Јана одлично ја прифатија Јасмина затоа што сфатија дека е личност која ќе се грижи за нив како да им е биолошка мајка. Одат заедно на кафе и на шопинг, откри во едно интервју Миле Кузмановски кој осум години по смртта на сопругата Вера, повторно е среќен семеен човек и татко.

Од вториот брак со Јасмина, инаку вработена во Црвен крст, ја има и ќерката Ева.

– Додека беа помали, таа им помагаше многу околу учењето. Сега веќе во средно училиште е друго, затоа што ние не знаеме многу од материјалот од стручните предмети. Но, ете, притискаме и јас и таа да учат, да станат свои луѓе, кога ќе пораснат да не зависат од никого – изјави Миле за својата сопруга и за ќерките.

Близначките Ана и Јана сега се средношколки и учат медицина.

Кузмановски за естрадниот магазин „Бекстејџ“ минатата година се присети на агонијата која морал да ја помине по загубата на неговата прва сопруга.

– Се чувствував емотивен и празен, но собрав храброст и сили да продолжам понатаму, најмногу поради ќерките – искрено порача тој.

Следни Објави

Како повторно да се родив: Елена Петреска по 14 дена на Инфективна се врати дома

Елена Петреска која по две недели поминати во болница е пуштена на домашно лекување одлучи да го сподели своето искуство со коронавирусот. – Конечно дома после 14 денови на инфективно заради ковид. Благодарам на Бог што се’ помина добро! Благодарна сум што си ги гушкам моите најмили! Се чувствувам како […]