Елена Петреска која по две недели поминати во болница е пуштена на домашно лекување одлучи да го сподели своето искуство со коронавирусот.
– Конечно дома после 14 денови на инфективно заради ковид. Благодарам на Бог што се’ помина добро! Благодарна сум што си ги гушкам моите најмили! Се чувствувам како повторно да сум се родила! – напиша познатата пејачка на „Фејсбук“.
Таа упати благодарност до целиот медицински персонал од Инфективната клиника.
– Тие се моите херои за кои имам многу да раскажувам, зошто ако ништо друго барем тоа им го должам, да знаат сите што значи нивната посветеност и пожртвуваност во овие тешки времиња – вели Петреска.
Пејачката во наредните денови планира преку видеоматеријали да ја долови, како што вели, вистинската слика за тоа што значи оваа пандемија.
– Ќе раскажам за ова мое искуство со надеж дека ќе допре онаму каде што е потребно. И морам да кажам, иако секогаш сум ги почитувала правилата, дека зборовите на министерот за здравство Венко Филипче во целост имаат значење од оваа перспектива – завршува таа.