Дара Бубамара конечно проговори за 24 години помладото момче. Иако медиумите го претставуваа како Тони, таа сега откри дека неговото вистинско име е Марко.
– Навистина ми го направи животот поубав, ми овозможи патувања. Да бидам искрена, ми се случи таква љубов поради која воопшто не го почувствував коронавирусот. После долго време сум кралица. Ме третира како вистинска жена и убаво е тоа чувство. Тешко дека некој може да биде доминантен со мене, ама ете и тоа се случи – искрена е пејачката.
Во интервјуто за емисијата „Ексклузивно“ таа откри и дека Марко веќе го запознала со нејзиниот 12-годишен син Коста и дека тие двајца одлично се согласуваат.