Од утре попладне нашата земја ќе потпадне под влијание на многу студена воздушна маса која се спушта од Арктикот. Ќе има значително намалување на температурите на воздухот и повремени локални врнежи, претежно од снег.
Услови за формирање на снежна покривка утре и во четврток ќе има и на некои пониски места. Максималните дневни температури во текот на утрешниот ден ќе бидат од 4 до 11 степени, а веќе доцна попладне значително ќе опаднат.
Особено студено ќе биде викендот кога температурите ќе се задржат под нулата. На некои места има услови да се спуштат и до -15 степени.