Светлана Цеца Ражњатовиќ има нов партнер и е осум години помлад од неа, јавуваат српските медиуми. Наводно се запознале пред неколку недели на роденденска забава кај нејзина блиска пријателка, а сега се појавија и фотографии на кои се држат за раце во еден белградски ресторан и навистина изгледаат вљубено.
Новото момче на Цеца се вика Богдан Срејовиќ. Има 38 години и е успешен угостител. Позади себе има еден пропаднат брак, разведен е пет години и ја има ќерката Искра која неретко ја објавува на социјалните мрежи.
Во меѓувреме се огласи и популарната пејачка.
„Не сакам да го коментирам мојот приватен живот“, им порача таа на новинарите.