Прилагодете ги маските на лицето колку што е можно, без да оставите празен простор од двете страни, препорачуваат од Светската здравствена организација која објави препораки за нивната правилна употреба. Според СЗО, истата е издржана само во одредени ситуации, а кога носите маска, мора да ги следете следните правила.
* Дезинфицирајте или измијте ги рацете темелно пред да ја допрете маската. Еднаш ставената маска, не допирајте ја или не отстранувајте ја, сè додека не ги достигнете условите кога веќе не ви е потребна.
* Проверете дали маската е оштетена.
* Осигурете се дека поинтензивно обоената страна на маската е однадвор.
* Маската не треба да се чува под брадата и повремено да ја враќате преку устата и носот.
* Побарајте го горниот дел од маската, со метално зацврснување.
* Не ја носете маската само преку устата и брадата.
* Поставете го металниот зацврстувач над носот и притиснете го за да добиете контура на носот и образите, така што горниот дел од маската добро да се залепи на лицето.
Неодамна, српскиот епидемиолог Предраг Кон изјави дека маските би требало да се носат и на отворен простор, но оти и тие не нудат постојана заштита.
– Можат да се носат и платнени маски кои се перат. Колку долго маската ќе ве заштити зависи од брзината на влажнење, а тоа е обично два часа. Ако ја вадите и ја ставате таа ќе ве штити два часа ефективно. Треба често да се менува, но тоа важи за оние кои се во постојано користење – објасни Кон.