Уште една медицинска сестра ја загуби битката со Ковид-19. Нашиде Емини која долги години беше дел од одделението за дерматовенерологија во ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ – Скопје е новата жртва на коронавирусот.
Тажната вест на социјалните мрежи ја споделија од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри.
– Почитувани членови со огромна жалост ви соопштуваме за прерано згаснатиот живот на уште една наша колешка, жртва на ковид пандемијата. Ведриот дух, топлината и хуманоста со која зрачеше, трудољубивоста и посветеноста на работата се карактеристиките по кои ќе ја паметат нејзините колешки и сите оние кои ја познаваа. Унијата заедно со целото членство изразува длабоко сочувство до нејзиното семејство и нејзините најблиски – стои во нивното обраќање.