Регионалните медиуми не престанаа да пишуваат за новото момче на Светлана Цеца Ражњатовиќ, а многумина веќе шпекулираат дали пејачката повторно би застанала пред олтар.
Српските новинари дознаа неколку интересни информации за избраникот на фолк-ѕвездата, а меѓу другото и дека атрактивниот угостител Богдан Срејовиќ е близок пријател со еден од нејзините поранешни партнери.
Станува збор за манекенот Владимир Вуксановиќ кој македонската публика имаше можност подобро да го запознае во шоуто „Преживеан“.
Богдан и самиот порано имал неколку излети во манекенките води, па веројатно оттогаш датира и нивното другарство.
Вуксановиќ пред да ја запознае Цеца се забавуваше и со поп-ѕвездата Наташа Беквалац, но утеха најде во убавица по потекло од Доминикана со која се реализира и како родител.