fbpx

Нечесни сили: Овие работи не правете ги во некрстени денови!

Во верувањата на македонскиот човек посебно важно место има периодот од Божик до Водици, односно, според народното верување, од раѓањето на Исус Христос до неговото крштевање.

Овие дванаесет денови познати како Некрстени денови, но и како Ристосови или Погани денови, според верувањето се најризичните или најопасните денови во годината.

Според народните верувања и суеверија дете некрстено и жена леунка се изложени на силно влијание на негативните демони. Иако е познато дека Исус е крстен на триесетгодишна возраст, сепак во народното верување останало дека периодот од раѓањето на Исус (Божик) до крштевањето (Водици) е исполнет со многу активности на негативните демони токму поради тоа што во овој период Исус не бил крстен, а Богородица била леунка. Оттука според верувањето и денес во овој период се активни разни нечисти сили, зли духови, караконџули и вештерки кои влегуваат во домовите, учествуваат во гозбите и на разни начини се обидуваат да му напакостат на човекот.

Овие нечесни сили владеат од моментот на стемнување, па до моментот на разденување. Поради тоа во народот се верува дека во овој период не треба да се излегува навечер, а ако баш мора со себе да се носи лук, крст или некој остар предмет.

Се верувало дека во некрстените денови не се преде, не се ткае и не се пере. Надвор пак не се остава ништо бело, а посебно не детска облека бидејќи злите сили би можеле да им наштетат на децата.

Следни Објави

Починаа уште 15 пациенти, најмладиот има 33 години

Во последните 24 часа се направени 2192 тестирања, а регистрирани се 396 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 198 -Куманово 12 -Штип 12 -Прилеп 14 -Тетово 18 -Струга 9 -Велес 13 -Битола 14 -Охрид 11 -Кавадарци 13 -Гостивар 7 -Гевгелија 4 -Струмица 13 -Крива Паланка 3 -Радовиш 4 -Крушево 3 […]