По синоќешното обраќање на социјалните мрежи на Роберт Орданоски, поранешен директор на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), во кое ја информира јавноста за неговиот развод, не престануваат реакциите во јавноста за начинот на кој тоа го соопшти.
Орданоски на „Фејсбук“ својата долгогодишна сопруга ја нарече „фотошоп барбика“ која „се оладила“ од љубовта кон него бидејќи тој повеќе не е директор.
За „Фокус“ денеска се огласи и Агнеса, жената со која Орданоски има и две малолетни деца.
– Брачните проблеми и недоразбирања се решаваат во четири очи, а не на социјални мрежи! Вознемирена сум поради децата, јасно ми е како ова ќе се одрази на нив, тие се во период кога растат, созреваат. Нивни другарчиња ја читаат објавата, стравувам дека ова ќе остави трајни последици врз моите деца, кои во никој случај не заслужија да бидат во оваа ситуација – раскажува таа вознемирено.
Инаку, Агнеса е дипломиран правник и работи во АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор.