fbpx

Трагедија: Свирепо убиство на 22-годишиниот Иван во Белград

Голема трагедија ја потресе српската јавност откако синоќа на дочекот на Стара нова година беше убиен 22-годишниот Иван Т.

Избоден е со нож во градите во близина на зградата во која живеел, а полицијата веќе уапси 20-годишно момче кое е осомничено за ова тешко злосторство.

Убиениот Иван нема кримнално досие, а се претпоставува дека мотивот за нападот е конфликт кој се случил за време на прославата.

Немилиот настан го потврди и таткото на Иван.

– Се врати дома околу два и пол по полноќ. Малку подоцна му заѕвони телефонот и излезе од станот. По некое време го најдов на една од пешачките патеки, а покрај него беше неговиот другар кој викаше: Издржи! Заедно го ставивме во автомобил и го однесовме во Ургентниот центар – раскажа несреќниот татко скршен од болка.

Тој се надева дека надлежните органи ќе ги откријат сите детали за оваа трагедија, бидејќи тој не знае кој и зошто го уби неговиот син, на само 500 метри од домот.

Следни Објави

(ФОТО) Коста ја запроси девојката, па го покажа вереничкиот прстен

Македонскиот пратеник и портпарол на владејачката СДСМ, Костадин Костадинов, ја побара за жена својата девојка Марија Десанова. – Животот ми овозможи да те запознаам, Бога пушти знак да се препознаам себеси и да си го препознаам животот со тебе. Нека љубовта трае до последниот атом. Затоа што си моја, затоа […]