fbpx

Која е жената која си ги уби трите деца, па се самоуби?

Не стивнуваат реакциите на социјалните мрежи по грозоморното повеќекратно убиство во Австралија кое ја потресе јавноста во целиот свет.

Растроената мајка Кејти Периновиќ која си ги уби трите деца, па се самоуби е по потекло од Хрватска. Нејзиното тело и телата на двете ќерки Клер (7) и Ана (5) и на синот Метју (3) се откриени вчера попладне во нивниот дом во Туламарин.

Сопругот Томислав (48) кој повикал брза помош е пуштен на слобода без обвинение, по претходно испрашување од полицијата. Инспекторите не веруваат дека тој е вмешан во злосторството.

Соседите раскажуваат дека Кејти пред трагедијата преку ноќ си дала отказ на работното место и во последниот период била особено повлечена.

Следни Објави

Откриен нов симптом на корона: Проверете веднаш!

Покрај оние најчестите симптоми на коронавирус како што се висока температура, сува кашлица и губење на чувството за мирис и вкус, лекарите се’ почесто алармираат и за некои нови не толку вообичаени индикатори. Британскиот научник и професор по генетска епидемиологија, Тим Спектор, предупреди на еден симптом кој се’ почесто се […]