fbpx

Порасна без родители, болеста го сруши: Тажниот живот на ѕвездата од „Жикина династија“

Легендарниот актер Драгомир Бојаниќ Гидра најпознат по улогата на Жика Павловиќ од „Жикина Династија“, односно од филмскиот серијал „Луди Години“, има навистина интересна животна приказна.

Роден е на 13 јуни 1933 година во Крагујевац. Рано останал без родители. Мајка му Новка починала од туберкулоза, а татко му Јован, инаку офицер на српската војска, бил стрелан.

Во Крагујевац завршил средно школо за преработка на месо, овошје и зеленчук, а една година подоцна почнал со работа во фабрика. Актерството доаѓа малку подоцна во неговиот живот.

Има една анегдота која и денеска се раскажува. Наводно, колегите од Крагујевскиот народен театар собирале пари за да му купат костум и карта за Белград кадешто полагал приемен испит на Академијата за театар, филм, радио и телевизија. Веднаш бил примен и тоа во класата на професорот Рашо Плаовиќ. Професорот знаел дека Гидра нема каде да спие, па ги замолил хигиеничарките да средат една од помошните соби. 

Набрзо почна да добива улоги, а на Академијата Гидра ја запознал и својата идна сопруга, Љиљана Контиќ, актерка која била две години постара од него. 1966 година се венчале, а 1970 година ја добиле ќерката Јелена. Љиљана и Гидра два пати се разведувале и пак се помирувале бидејќи не можеле еден без друг. 

Никола Којо во едно интервју изјави дека во 1986 година Гидра го посетил додека тој бил војник во Рашка. Седнале во кафеана, јаделе и Гидра му дал пари. Му рекол дека дошол поради обврски, но тоа не било точно. Дошол само поради него.

Сакал да оди во кафеана и бил голем боем кој секаде бил пречекуван со насмевки. Исто така изјавил дека Гидра бил уапсен бидејќи кажувал вицови за Тито. Кога дошле да го посетат го нашле како ги забавува полицајците со истите вицови. 

Се разболел од рак на црниот дроб и цел месец се лекувал на Воено медицинската академија во Белград. Почина на 11 ноември 1993 година. Погребан е во алеата на великаните во Белград.  

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Која е жената која си ги уби трите деца, па се самоуби?

Не стивнуваат реакциите на социјалните мрежи по грозоморното повеќекратно убиство во Австралија кое ја потресе јавноста во целиот свет. Растроената мајка Кејти Периновиќ која си ги уби трите деца, па се самоуби е по потекло од Хрватска. Нејзиното тело и телата на двете ќерки Клер (7) и Ана (5) и […]