fbpx

(ВИДЕО) За 30 секунди проверете дали белите дробови ви се здрави

Болестите на белите дробови се сѐ почести, а во најризичната група секако спаѓаат пушачите, велат лекарите. Кај ракот на белите дробови симптомите се појавувааат постепено како кашлица, искашлување и недоволно воздух, прво при напор, а подоцна и кога телото ни мирува.

Пред да го направите овој тест, поставете си ги следниве прашања:

1. Кашлате ли често повеќепати во денот?

2. Кога кашлате, искашлувате ли често слуз?

3. Останувате ли без здив побрзо од своите врсници?

4. Дали сте постари од 40 години?

5. Дали пушите или сте поранешен пушач?

Ако  одговоривте со „ДА“ на три или повеќе прашања, потребно е веднаш да се посоветувате со лекар кој ќе ве упати на спирометрија.

Сепак, постои и тест кој можете да го направите во својот дом, а кој може да открие дали постојат некои промени кои можат да укажат на развивање на канцер.

Тестот Schamroth window test се прави така што спојувате два прста. Помеѓу двете плочки на ноктите би требало да има слободен простор. Ако го нема, а прстите имаат блага форма на купола, тоа може да биде знак за многу сериозни болести, како што се туберкулоза или рак на белите дробови, објаснува Ема Нортон за „Хафингтон пост“.

Состојбата кога човекот за време на изведување на тестот нема слободен простор помеѓу двата прста, доктор Нортон ја нарекува „nail clubbing“.

– Повеќето што имаат карцином на белите дробови не ни знаат за овој тест. Но, токму истиот може да ги предупреди за можноста за појава на рак на белите дробови. Тестот го користат медицински експерти како делумен метод за потврдување на состојбата, но секој може и сам да го направи и трае само неколку секунди – вели д-р Нортон.

Како лекарите објаснуваат зошто овој тест е добар?

Кај заболените од рак на бели дробови, во повеќето случаи се јавува отекување на прстите. Научниците од Универзитетот во Лидс неодамна откриле зошто доаѓа до тоа. Имено, болестите на белите дробови, како што се туморите, предизвикуваат 10 пати поголемо производството на ПГЕ2 кое помага за смирување на воспаленијата во белите дробови, отколку на телото му е потребно. Таа потоа се насобира на врвовите на прстите и предизвикува нивно отекување. Отекувањето на прстите се одвива во три фази. Во првата, ноктите стануваат помеки, во втората фаза доаѓа до нивно искривување, а третата фаза подразбира задебелување на краевите на прстите.

Симптоми на рак на бели дробови се и:

– кашлица што не престанува две до три недели

– инфекции на градниот кош кои постојано се враќаат

– искашлување крв

– постојан замор или недостаток на енергија

– тешко дишење, болки за време на дишење или кашлање

– губење на апетитот, необјасниво слабеење

– потешкотии при голтање

– постојана болка во градите или рамената

Во продолжение, погледнете како изгледа тестот.

Следни Објави

(ФОТО) Карлеуша за сите светски ѕвезди кои ја копираат!

Повремено се појавува по некоја американска ѕвезда за која Јелена Карлеуша тврди дека ѝ ги краде идеите кога е стајлингот во прашање. Овојпат, повторно на мета беше Ким Кардашијан, а фановите на српската пејачка организирано атакуваа на инстаграм-профилот на светски познатата ѕвезда од реалните шоуа обвинувајќи ја дека бесрамно го […]