fbpx

(ФОТО) Карлеуша за сите светски ѕвезди кои ја копираат!

Повремено се појавува по некоја американска ѕвезда за која Јелена Карлеуша тврди дека ѝ ги краде идеите кога е стајлингот во прашање. Овојпат, повторно на мета беше Ким Кардашијан, а фановите на српската пејачка организирано атакуваа на инстаграм-профилот на светски познатата ѕвезда од реалните шоуа обвинувајќи ја дека бесрамно го копира нивниот идол.

Сличен „инцидент“ се случи и пред неколку години. Тогаш Ким објави фотографија од Карлеуша на нејзиниот официјален сајт и ѝ порача дека е една од жените од коишто се инспирира. По овој гест, популарната водителка Венди Вилијамс зборуваше за Јелена во нејзиното ток-шоу, наведувајќи дека дури и славната Бијонсе ископирала еден нејзин стајлинг. Во таа прилика ја нарече српската Мадона или Лејди Гага.

Во септември минатата година, Карлеуша наведе уште една ѕвезда дека ја копира, американската актерка и пејачка Доја Кет.

„Што да кажам , ме сакаат во Америка“, тогаш самоуверено порача Карлеуша.

Следни Објави

Носеше ведрина за секого: Емотивна посвета по смртта на Ѓоко Дончев

Ненадејно почина Ѓоко Дончев (71), еден од доајените на македонската народна песна. Во текот на неговата плодна музичка кариера соработуваше со најдобрите изведувачи и композитори. Остави длабока трага на домашната сцена со безвременски хитови „Чуј ги куме свирачите“, „Сношти Кате“ и „О доме мој“. Освен како исклучителен во музиката, семејството, […]