fbpx

(ФОТО) Запознајте ги сопругите на македонските ракометари

Македонските ракометари повторно се во фокусот на вниманието откако нашата репрезентација во последен момент отпатува на Светското првенство во Египет.

Велат дека позади секој успешен маж стои успешна жена, па „Мастило“ одлучи да ви ги претстави од еден поинаков агол, како реализирани семејни луѓе.

Минатата година се ожени Стојанче Стоилов, а со неговата избраничка Деница, инаку уметница по професија, се остварија и во улогата на родители.

Во 2019 години на вечна љубов се заколна и Филип Кузмановски. Правеше свадба на отворено во Битола, а неговата избраничка Моника Игнова е братучетка на Дејан Манасков.

Пред две години се ожени и младиот репрезентативец Филип Талески. Неговата сопруга Ена Секуловска е битолчанка која живее во Германија. Нивната ќерка Софиа неодамна наплни две години.

Стружанецот Никола Маркоски во 2018 година стапи во брак со поранешната ракометарка Ане Миленковска. 

Веќе е познато дека нашиот капитен и еден од најуспешните ракометари на сите времиња, Кире Лазаров, веќе една и пол деценија е во брак со Љубица со која ги имаат синот Благојче и ќерката Лана.

Ј.П.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Заборавете на филери пред вакцина: Д-р Туџарова појасни зошто

Проф. д-р Смиља Туџарова Ѓоргова, специјалист по пластична и реконструктивна хирургија, за Канал 5 телевизија објаснува дека од четири недели до три месеци не треба да се ставаат филери пред примање на вакцината против Ковид-19. Ова се дел од истражувањата што ги добиле хирурзите од пластична хриругија во светски рамки. […]