fbpx

Ме исмејуваат жени што до Вардар не отишле: Нова исповед на сопругата на Орданоски

Негативните коментри, особено од жените многу ми се смешни. Жени што до Вардар не отишле. Затоа не се замарам. Разбирам дека имало и ќе има луѓе љубоморни и искомплексирани, вели Агнеса Органџиева во нејзината последна исповед за разидувањето со Роберт Орданоски.

Љубовната сага на поранешниот директор на Агенцијата за електронски комуникации доби изненадувачки големо внимание во медиумите. Довчерашните сопружници се расположени за покажување на „валканиот веш“, а јавноста очигледно одлично се забавува.

Откако Орданоски во неговото последно обраќање побара брачен советник, неговата довчерашна избраничка со која има две малолетни ќерки вели дека нема враќање назад.

– После ова нема шанса. Сега додека сум млада, сакам да бидам сама и да ѝ се посветам на кариерата – категорична е таа за „ММС.мк“.

Следни Објави

Постојано плачам: Орданоски се покаја, сака Агнеса да му се врати

Не ме интересира повеќе ни имиџот, ни сеир од јавност, ништо од тоа. Заљубен сум, ја сакам Агнеса и сакам да си го спасам бракот. Сакам да се врати, сакам децата да се вратат дома. Ова го вели Роберт Орданоски, поранешниот директор на Агенцијата за електронски комуникации, во неговото последно […]