fbpx

Носеше ведрина за секого: Емотивна посвета по смртта на Ѓоко Дончев

Ненадејно почина Ѓоко Дончев (71), еден од доајените на македонската народна песна.

Во текот на неговата плодна музичка кариера соработуваше со најдобрите изведувачи и композитори. Остави длабока трага на домашната сцена со безвременски хитови „Чуј ги куме свирачите“, „Сношти Кате“ и „О доме мој“.

Освен како исклучителен во музиката, семејството, пријателите и колегите ќе го паметат како посебно харизматичен и ведар човек.

Од него со емотивна посвета се прости и Перо Костадинов, градоначалникот на Валандово.

– Со длабоко жалење ја примив веста за смртта на познатиот македонски музичар, Ѓоко Дончев. Во овој тажен момент за семејството и најблиските пријатели, упатувам искрено сочуство до нив. Ѓоко Дончев, беше репрезентот и гордост, на Валандово и валандовчани. Неговата љубов кон Валандово, беше изразита и честопати опеана во сопствените песни. Го сакаше Валандово и насекаде го носеше со себе. Лично, изгубив пријател кој несебично се даваше себеси и носеше ведрина за секого. Сите заедно, изгубивме музичар, кој зад себе има оставено дела со непроценлива вредност за македонскиот фолклор. Секогаш ќе ги пееме неговите песни, ќе се присетуваме на неговата ведрина и ќе недостига неговиот оптимизам. Живееше со полни гради и го сакаше животот. Никогаш нема да заборавиме на енергијата, која значеше животворност и секогаш на него ќе се присетуваме, со радост. Неговиот пример, ќе биде поттик за сите нас. Нека му е вечна слава – напиша тој на „Фејсбук“.

Следни Објави

Заборавете на филери пред вакцина: Д-р Туџарова појасни зошто

Проф. д-р Смиља Туџарова Ѓоргова, специјалист по пластична и реконструктивна хирургија, за Канал 5 телевизија објаснува дека од четири недели до три месеци не треба да се ставаат филери пред примање на вакцината против Ковид-19. Ова се дел од истражувањата што ги добиле хирурзите од пластична хриругија во светски рамки. […]